Доколку утре се одржат парламентарни избори секој четврти граѓанин (25%) би гласал за ВМРО-ДПМНЕ, додека пак за СДСМ би гласале 23.1%, покажуваат резултатите од најновата анкета на М-проспект.
М-проспект изврши испитување на јавното мислење кое е спроведено со теренска анкета во периодот 15-ти мај до 7-ми јуни годинава.
Според истата, за ДУИ би гласале 5.1%, за Алијанса за Албанците би гласале 4.2% и за БЕСА 2,1%.
Споредено со резултатите од пред една година, може да се забележи дека гласовите за СДСМ се намалени (25.5% во 2018), а за ВМРО-ДПМНЕ зголемени (20.6% во 2018).
-Секој трети етнички Македонец би гласал за ВМРО-ДПМНЕ – 34%, додека пак 26.6% би гласале за СДСМ. Од етничките Албанци 10.8% би гласале за СДСМ, 22.6% за ДУИ, 19.3% за АА, 9.8% за БЕСА, велат од М-проспект.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Здравјето почнува со добри навики: dm поддржа панел за машкото здравје и понуди dmBio и Sportness закуски на Health & Fitness Forum 2026 во Скопје
Објавен е „Буле и Куле мамкини и таткини“ – роман за младешкиот бунт и светот на возрасните
Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026