Дали сте подготвени за сензуална комбинација на вкус за овој период?! Кафе и цреша нека биде вашиот предизвик.
Потребни состојки:
- 60 милилитри кафе концентрат
- 2 кафени лажички сируп од цреши
- Ледени коцки
Станува збор за едноставен леден кофеински коктел. Во шејкер за коктели ставете ледени коцки, 60 милилитри кафе концентрат и 2 кафени лажички сируп од цреши. Тресете го шејкерот сè додека не почувствувате дека ви станува престудено на рацете. Исто како кога ви правеле мартини. Ставете во мала коктел чаша и уживајте!



СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ВО МАГИЧЕН АМБИЕНТ ВИКЕНДОВ СЕ ОДРЖА „ПОТОЧИЊА 2026“
Луѓето се враќаат на Месечината за само 3 дена!
Бојана Скендеровски со концерт во Штип: Огнен Здравковски и Коки Јанков специјални гости