Кога летните температури не исцрпуваат, совршено решение би било да си дозволите торта која ќе ве разлади. Овој неверојатен летен десерт е лесен за подготовка, а и оние со помалку искуство во кујната ќе бидат задоволни од резултатот, бидејќи тој се приготвува за само 10 минути.
Потребни состојки:
1 кг шлаг
1 литар минерална вода
2 павлаки
2 кутии мелени бисквити
2 кутии замрзнати малини, вишни или јагоди
Шлагот изматете го со минералната вода и потоа раздвојте ја смесата на три дела. Првиот дел измешајте го со бисквитите и павлаките и обликувајте го во калап за печење. Додадете ги малините,вишните или јагодите во вториот дел, па ставете ја оваа смеса врз првата. Оставете го само шлагот во третиот дел. Оставете ја тортата добро да се излади и уживајте во овој десерт.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
160 недели, најмалку 160 книги: КЛИК веќе објави 21 книга и го отвора македонското книжевно творештво кон светот
Видела лице зад сцената на концерт на Аеросмит, кое многу личи на нејзиното: Како Лив Тајлер дознала за своето биолошко потекло?