БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Градоначалникот Николчо Илијев и СДСМ целосно си ги препишуваат заслугите за проект започнат во време на ВМРО-ДПМНЕ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска со соопштение до јавноста од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани ги прозва локалната власт и Градоначалникот Николчо Илијев дека во јавноста се промовираат себеси со проекти на ВМРО-ДПМНЕ започнати од претходната локална власт предводена од Градоначалникот Ратко Димитровски.

Во продолжение во целост го пренесуваме соопштението на Гоце Марков од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани:

Почитувани сограѓани

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Градоначалниот Николчо Илијев, локалната и централната власт на СДСМ во Кочани, се фалат со проекти на ВМРО-ДПМНЕ, и притоа без и малку доблест си ги припишуваат целосно заслугите за проектот, кој им беше оставен со целосно договорно-технички завршени, и оперативно во одмината фаза уште во времето на претходната локална власт на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани.

Станицата за третман на отпадни води се реализира со донација од Владата на Швајцарија од 21 милион швајцарски франци, при што во времето на Владата на ВМРО-ДПМНЕ финансиско учество обезбеди и Министерството за животна средина и просторно планирање, како и Општина Кочани и КЈП „Водовод“-Кочани.

Проектот е отпочнат е започнат 2013 година а договорот за пречистителната станица е потпишан 16. 01. 2017 година, и по план требало да се заврши на 26.11.2017 година.

Проектот се пушта во употреба, како и сите проекти превземени од претходната власт, заедно со обид за партиско промовирање на власта.

Колективната меморија на граѓаните на град Кочани не е толку краткотрајна и затоа Ве замолуваме да не ја потценувате.
Воедно ја користиме и оваа прилика да го честитаме големиот христијански празник и патрон на градот.
За многу години!

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace