БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Прилог на регионална ТВ станица резултураше со смрт за кучето Бренда. АНИМА МУНДИ најавуваат кривични пријави за одговорните

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Здружението за заштита на животните АНИМА МУНДИ на својата фејсбук страница алармираат за неисполнување на реализираните ветувања во однос на правата на животните во државата.

Тие во својата објава директно го посочуваат Градоначалникот Благој Бочварски како одговорен за убивањето на кучето Бренда кое во новинарски прилог на регионална тв станица беше идентификувано како “куче скитник кое држи во заложноштво цело семејство”.

Во продолжение ја пренесуваме објавата на АНИМА МУНДИ за овој случај.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Ова ли е хуманиот третман на животните кој го вети Влада на Република (терминот на с) Македонија, сите градоначалници; со кој добивте огромна поддршка од љубителите на животни на избори? Ниту забрана за еутаназија, ниту полиција за животни, ниту активисти да управуваат со стационари, ниту коњите спасени, хорор сцени секојдневно на улиците – се ветивте, НИШТО не исполнивте! А гледаме колку агилни сте кога треба да се убие! Општина Штип Македонија, градоначалник Bocvarski Blagoj , инспектори и ветеринарна станица – Штип на чело со Крсто Митев, по оваа монструозност ќе ве паметиме и кривично ќе одговарате за убивањето и на ова куче! Свесни ли сте дека секој трет граѓанин во нашата држава има, или се грижи за напуштено маче или куче. Како што тргнаа работите, СИТЕ ќе не имате за непријатели!

Кучето Бренда подолги години живеело на соодветната локација, за после прилогот на регионалната тв станица да биде превземено од ветеринарните служби, при што на граѓаните кои гравитираат кон тој дел од градот им било кажано дека ќе ја исчистат и дека ќе ја вратат, но потоа кучето Бренда завршило на депонија-мртво.

Повеќе од 7-8 години го храневме сите комшии, беше заштитник од ајдуци навечер… Ќе ја бараме Бренда назад ама веќе е касно, немам зборови за Крле, ни вети дека ќе ја исчисти и врати назад, а потоа дознавме дека ја фрлиле во депонија,

-пишува еден штипјанец.

Во продолжение го пренесуваме прилогот на регионалната тв станица после кој се случил овој сплет на настани во кое жртва излегло немоќното куче Бренда.

Дополнително може д а се види дека револтот на граѓаните е голем поради овој случај, согледувајќи ги коментарите на јутјуб пласирани од самите граѓани под објавеното видео тука

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace