Во текот на вчерашниот ден општинскиот комитет на ВМРО- ДПМНЕ од Делчево на својата фејсбук страница упати неколку прашања од интерес на јавноста во врска со работата на општина Делчево под контрола на Градоначалникот Горан Трајковски.
Нивната објава ја пренесуваме интегрално во целост:
Почитувани,
во интерес на европските вредности и развојот на општина Делчево за кои толку многу се залагаше пред изборите актуелната локална власт и градоначалникот Горан Трајковски, во Делчево сакаме да прашаме:
1️⃣ Колку проекти се аплицирани од страна на Општина Делчево под раководство на Градоначалникот Горан Трајковски, на ИПА компонентата за прекугранична соработка со партнер општини од Република Бугарија од 30-ти октомври 2017 година па до денес?
2️⃣Колку проекти се аплицирани од страна на локалните институции (две основни училишта, детска градинка, Јавно комунално претпријатие, Гимназија, Територијална противпожарна единица) под контрола на Градоначалникот Горан Трајковски од 30-ти октомври 2017 година па до денес?
3️⃣Колку од тие проекти што ги аплицирала локалната власт под контрола на Градоначалникот Горан Трајковски се ДОБИЕНИ, реализирани или се реализираат од страна на актуелната локална власт и институции?
4️⃣Колку нови нестручни и неспособни административни лица се вработени во општина Делчево и локалните институции под контрола на Градоначалникот Трајковски од 30-ти октомври 2017 година па до денес?
5️⃣Дали Општина Делчево планира и со која динамика, обука на постојните вработени службени лица во општината и локалните институции со цел да стекнат знаења за подготовка и реализација на проекти финансирани од европските фондови кои стојат на располагање преку оваа компонента на Европската унија за Прекугранична соработка?
➡️➡️➡️
Како општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево сметаме дека работата на општината Делчево и локалните институции во делот на Прекуграничната соработка преку ИПА компонентата на ЕУ е повеќе од важна за нашата општина, со што може да се обезбедат значителни финансиски сретства за подобрување на животот на граѓаните на Делчево-првенствено но и условите за живот од двете страни на границата.
☑️Очекуваме јавен и транспарентен одговор од страна на надлежните одговорни локални функционери.
http://www.ipa-cbc-007.eu/
До моментот на објавувањето на оваа статија, се уште немаше одговор од страна на општина Делчево или Градоначалникот Трајковски на упатените прашања во јавност.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Општина Кочани донираше 3 милиони денари на Црвен крст – помош за настраданите во несреќата
ДЗР: ЈП „Исар“ Штип се соочува со финансиски и еколошки предизвици, поради што генерира со 60% загуба на вода, 25,2 милиони денари обврски и отсуство на дозволи
Во Делчево куче каснало малoлетничка, сопственикот на кучето заработи кривична пријава