НИЗ МОЈОТ ЏАМОГЛЕД 43
Нашата влада со Бугарија потпиша договор за добрососедство. Се формираа и комисии за историски "зврчки"... Работеа, работеа и конечно и двете влади донесоа одлуки дека ЗАЕДНО ке ги славиме светите Кирил и Методиј, царот Самоил и светите Климент и Наум,бидејќи тие биле дел од заедничката историја. Биле бугари, ама и ние ке ги славиме, сега заедно.
Како беше досега? Пред повеќе од 50 г. во Ватикан кај гробот на Кирил стои плочка со натпис дека тој е бугарски просветител. Од пред некоја година стои таква плочка дека е македонски просветител.
Кажи бе Клименте, жити господа, наш ли си или бугарски?
Нашиот универзитет се вика " Св. Кирил и Методиј", универзитетската библиотека "Св. Климент Охридски"... Во Софија истото само обратно. Бугарите имаат споменик на нивниот цар Самоил пред 50 години, ние од проектот "Скопје 2014"
Бугарските влади (и оние од социјализмот) никогаш не признале, ниту некогаш ке признаат постоење на МАКЕДОНСКА НАЦИЈА и ЈАЗИК. Чуму тогаш ДОГОВОР, кога "Се е исто само него го нема"?
Со спогодбата од Нивице, која погрешно се нарекува Преспански договор, е договорено дека во Грција нема МАКЕДОНЦИ. Има некакви луѓе кои зборуваат јазик различен од грчкиот, но нашата влада не е таа да каже каков е тој јазик, бидејки тоа ке било спротивно на спогодбата!!!(цитат од изјавата на Миле Бошњаковски). Грчките влади од Отон Први па до последниот им прецедник Павле НЕ-ПРОКОПСАНИОТ никогаш ниту признале, ниту ке признаат постоење на МАКЕДОНЦИ. Чуму тогаш спогодба од Нивице?! И тука "се е исто само него го нема".
И на крајот од каде толку фанфари за делото на нашиот Заев, па дури и предлог за нобелова награда? Да не потекнува предлогот од некои руски комедијанти? Не само на Заев и на сите други пред него треба да им се додели нобел во форма на инфузориска земја + пикринска киселина.
Друго не!
Пишува: Крум Николовски
Инспектор во пензија
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Малолетно девојче физичко нападнато во Кочани
Тошковски: Велигден да ни биде поттик и инспирација да ги задржиме во себе хуманоста и добрината во борбата за егзистенција како луѓе и како нација
Претседателката и Премиерот од Македонскиот Ерусалим- вечниот Охрид ја дочекаа радосната вест за Воскресението Христово и вечниот живот