Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото гостување на Алсат М телевизија изјави дека од снимките сите слушнале како Заев без да размисли ниту една секунда, посегнува кон криминал и подмитување.
Веднаш без никаква дилема без никакво двоумење, посегнува кон незаконски дејанија, кон криминал подмитување итн. И тука не се мисли ни секунда, вели да да во кеш. Но потоа видовме дека тие пари всушност не биле наменети за подмитување туку требало да бидат еден вид донација за изградба на црква, вели Мицкоски.
Тој потенцираше дека сето тоа е нешто слично на тоа што го видовме години наназад кога Заев беше градоначалник на Струмица по принципот на Мирчо свињарникот, па така овие пари најверојатно требало да завршат во депото на Вселенската патријаршија, кај патријархот Вартоломеј.
Претпоставувам нешто слично по принципот на она што го видовме години наназад како градоначалник на Струмица по принципот на Мирчо свињарникот. бидејќи јас не не знам и не можам да набројам многу политичари кои во моментот располагаат со 150.000 т.е да бидам попрецизен откако доби попуст 100.000 евра во кеш, нагласи Мицкоски.
Во продолжение во целост го пренесуваме интервјуто на Христијан Мицкоски за ТВ АЛСАТ М:


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија