Корупција, скандали, продажба на име, на идентитет, на химна, на народот.
Кражба од буџетот, поткуп на пратеници, судии, обвинители, лажни сведоци.
Вистински егзодус на младата и надежна популација од Македонија, а се кројат планови да се примат мигрантите од арапските и африканските земји.
Уринирано здравство, пропаднато образование, МВР повеќе не знае на која страна да започне со работа а да не ја оплеска, општините добија свои ‘газди’, додека градот Скопје има на чело лик што нема појма зошто е таму.
Пратениците што заглавија на бело, црно им се пишува. Има и такви од нив кои цели фамилии вработија во јавните служби, со патни трошоци како да се возат со Авиони во А класа.
Снимените разговори (бомбите), кои беа користени како оружје за да се дојде на власт, за уцени, за освојување поголем простор во Бизнис секторот.
Економијата оценета со голема 0, странските инвестиции ги нема. Груевски во Унгарија доведе повеќе странски инвестиции како азилант, отколку цела Влада на Заев откако се на власт, со сите разработени механизми од претходната власт.
Имаме функционери од највисокиот врв кои се прислушувани како нудат поткуп, како договараат зделки со тендери за повисока провизија, снимени како паѓаат во сопствената кал. Им се врати како бумеранг се што направија, го излажаа народот и го повикаа на улица за да се бори за нивните идеали, а истиот тој народ го нарекоа СТОКА.
Ни се смее кој ќе стигне, ни удираат шлаканица секаде каде што ќе стигнат, не сметаат за неспособен народ затоа што такви не водат.
Не води власт што освен надворешната политика, ништо друго не спомна.
И се сопнаа таму каде што најмногу се крстеа и веруваа дека политиката е едноставна како 2+2.
Ветуваа додека беа во опозиција брда и долини со злато, ветуваа млеко и мед за граѓаните, а реалноста ги натера да го принудат граѓанинот да се задоволи со вода и паштета.
Метлата замете само во партискиот двор, па оние кои почнаа да ја гледаат реалноста и почнаа да сфаќаат дека возот им оди во погрешна насока, гласно кажаа дека не може повеќе така, ја признаа грешката пред гласаќите и секако беа изметени и сменети од тие функции.
НИ МОРЕТО НЕ Е ТОЛКУ ДЛАБОКО, КОЛКУ ШТО ГО ДОПРЕВМЕ ДНОТО!
Изборите се единственото решение за да се издигнеме над сите проблеми.
Потребно е обединување против заедничкиот непријател на граѓаните, да го испратиме непријателот онаму каде што му е местото- НА ЦРНИТЕ СТРАНИ ОД МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА!
Пишува: Мартин Ристевски
– дипломиран политиколог на
Правен факултет ,,Јустинијан Први’’ – Скопје