БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

ТРИЧЛЕНО СЕМЕЈСТВО ЗАГИНА КАЈ ДЕЛЧЕВО

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Загина двегодишно детенце со неговите родители попладнево во тешка сообраќајна несреќа на дестина километри пред Делчево. Најверојатно, директниот судар на патничкото возило фијат пунто со делчевски регистерски таблички во камион натоварен со дрва со штипски регистерски таблички бил кобен за младото семејство Димитровски од Делчево. 32-годишниот возач, неговата 5 години помлада сопруга и нивниот двегодишен син загинале на лице место.
СВР ШТИП потврди дека три лица го загубиле животот во несреќата која била пријавена во 15, 40 мин на магистралниот пат Кочани-Делчево кај месноста Лештаро. Според првичните инфромации, дошло до директен судар со камионот кој бил управуван од 56-годишниот ПГ од Штип кој возел во насока на Кочани, додека пмв фијат пунто управувано од 32-годишниот ДД возел во насока на Делчево. Надлежните во моментов вршат увид на местото на несреќата, а сообраќајот е во прекин во двата правци.
Инаку, во регионов попладнево има уште една жртва од сообраќајна несреќа. На раскрсницата за Неготино од патот излетало возило при што животот го загубило едно машко лице.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace