Во текот на денешниот празничен ден Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски беше во посета на Пробиштип.
Денеска во ова некогашно рударско гратче во Брегалничкиот регион се празнува денот на рударите како и Православниот празник Успение на пресвета Богородица.
Во рамки на посетата Мицкоски имаше повеќе средби со граѓани во Пробиштип, со кои имаше можност да поразговара и да ги слушне проблемите со кои живеат пробиштипјани во нивното секојдневие.
На крај од посетата Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ имаше состанок со членовите на Општинскиот комитет на партијата во Пробиштип.
Од Пробиштип Мицкоски ја упати сл. порака:
На состанок во Пробиштип, за актуелните прашања, за проблемите, за тешкиот живот, но и за решенијата и иднината. Македонија мора да се избори за обнова, затоа потребни се избори и промени кои ќе ја донесат обновата.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија