ГОЛЕМ СЕМАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ПРОТЕСТ ВО Берн, Швајцарија
Место: Helvetiaplatz,
Дата: сабота, 7 – ми септември , 14ч
ПРОТЕСТ ПРОТИВ ПРОМЕНАТА НА ИМЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, ТИРАНСКАТА ПЛАТФОРМА, ДОГОВОРОТ ЗА РЕВИЗИЈА НА МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА СО БУГАРИЈА
🇲🇰🇲🇰🇲🇰
Ги повикуваме Македонците во Швајцарија и ширум Европа да присуствуваат на Семакедонскиот народен протест во Берн.
На протестот да упатиме силни Македонски пораки и спротивставување на
-геноцидниот Преспански Договор како и
-насилната промена на Уставот на Република Македонија што се случи со закани, уцени и поткупување од страна на актуелната власт на Зоран Заев;
-Тиранската Платформа и
-Договорот за ревизија на Македонската историја со Бугарија.
-Погубните и штетни политики во сите сфери во државата од страна на актуелната власт во Скопје предводена од СДСМ и Зоран Заев.
Протестот ќе се одржи во сабота на 7-ми Септември, по повод Денот на Независноста на Република Македонија со почеток во 14.00 часот по локално време на плоштадот Helvetiaplatz.
НАШЕТО ЗНАМЕ Е ШЕСНАЕСЕТКРАКОТО ЗЛАТНОЖОЛТО СОНЦЕ НА ЦРВЕНА ПОДЛОГА.
Да живее Република Македонија !
Берн, 3 септември, 2019
Организатор:
Македонски Национален Совет -Швајцарија во координација со
Глобална координативна мрежа на Македонците во Светот и
Координативно тело на Македонците во Европа
-Соопштение на Македонскиот национален совет од Швајцарија

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност
Кривина пријава за 19 годишен кочанчанец за полово вознемирување
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист