Како смешни лица на плакатите и маичките кои шарената претходница го носеше кога влегуваше во градот, личеа на бродски екипаж чиј што брод требаше да понесе голем товар.

Главниот кловн кој требаше да биде капетан на најскапиот брод кој некогаш пловел во ова наше мочуриште, заедно со неговите заменици, требаше да донесат смеа и забава во градот како одговор на секојдневната мизерија на потиштената публика. Во шаторот кој имаше неколку палуби на трибини имаше секаква клиентела:
-oд неработничка класа во најниските декови, преку работници со испиени чела на своите лица во погорните седишта, до високопозиционирана политичка елита во најгорните ложи на циркускиот шатор.
Македонскиот Титаник силно поттурнат од далечни ветрови, загрофта на својот пат кон проклетството. Неколкумина се обидуваа да коментираат за чадот кој го испушта овој пеколен портокал, но попусто. Грофтањето беше пресилно! И таму некаде во далечините на умртвеното море, на палубата на овој гламурозен подвижен циркус можеше да се наслушне тропот на топчиња кои под ударот на рекет завршуваа во нечии скапоцени торби.
Една таква торба залуфтана со истиот тој рекет падна од палубата и почна многу брзо да се полни со фекалиите кои кружеа наоколу. Од телни гекалиите станаа тврди и пополека почнаа да се претвараат во куп.
Куп од фекалии на кој се насука Македонскиот титаник.

Шаторот на циркусот пролуфта а страни ветришта почнаа да ги ладат лицата на хипнотизираната публика.
Она што помпезно требаше да биде шоу за страдалниов ни народец, се претвори во патетичен дебакл од епски размери. Танцот на кловновите Фата и Ката се претвори во препелкање низ фекалии во кои се уште успешно плива завидна бројка на мајмуни-доволно силни за со своите мангупштини се уште успеваат да го искриват правото.

Хипнотизирани од изгледот и изобилството на нивната омилена храна (криви банани), мајмуните, право седат-криво судат. И со поглед навидум скришум се вртат наоколу, очекувајќи некој чадор да им причини ладовина за да не запечат во фекалиите каде се затекнати. Газејќи во поматените фекалии, со високо кренати раце со нетрпение чекаат некој да им подаде сламка за која ќе се фатат пред да биде пуштен испусниот винтил на ова наше мочуриште од фекалии.
Не е важно што покрај мајмунското во себе, подудараат на фекалии! И долго време со себе ќе го носат како епитет на она во што претходно земале свое учество.
Пишува: Дедо Ѓорѓија
Името на авторот е познато на редакцијата.
Претходно од истиот автор:
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Долгогодишен административен проблем е причина за доцнењето од неколку денови на платите за вработените во Министерството за култура и туризам
Судија на фудбалски натпревар во село Зрновци бил физички нападнат од струмичанец
Тешка сообраќајна несреќа на патот Кичево-Гостивар: Загинале 3 а повредени се 8 лица