На Ленин и на неговото партиско раководство многумина марксисти им префрлале дека немаат доволно искуство како за Октомвриската револуција, така и за управување со руската држава и дека, токму затоа, немаат право да си играат со судбината на рускиот народ. Помеѓу другите, на ова преупредувал и Едвард Бернштајн. На неговата забелешка, Троцки луцидно одговрил дека можеби е така, но дека јавањето коњ, т.е. управувањето со државата, се учи. Во таа смисла појаснил дека еднаш ќе го јавнеш коњот и тој ќе те отфрли. Вторпат ќе го јавнеш, тој повторно ќе те отфрли. После десет или сто пати ќе научиш да јаваш, т.е. да управуваш со државата. На ова, виспрениот Бернштајн забележал дека сѐ би било во ред, кога во случајов коњот не би бил рускиот народ.
Зошто овие денови (реконструкција на Владата) се сетив на дискусијата Троцки – Бернштајн, не знам.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!