На партискиот веб сајт на СДСМ тука е објавена Анализа на истражување на ставови и перцепција на граѓаните за социополитичката состојба во Република (терминот на с) Македонија.
Нарачател на ваквата анкета е самиот СДСМ.
Во анкетата од 1024 испитаници на прашањето
СТАВОВИТЕ НА КОЈА ПАРТИЈА СЕ НАЈБЛИСКИ ДО ВАШИТЕ СТАВОВИ?,
вкупно 29,7% се изјазниле дека ставовите на СДСМ и коалицијата се блиски до нивните ставови, додека 20,7% се изјасниле дека се поблиску со своите ставови до оние на опозиционата Коалиција на ВМРО-ДПМНЕ. 3,6% одговориле дека нивниот став не се поистоветува со ставот на Ниту една од политичките партии, 10,0% одговориле дека “Нема да гласаат” (ЧУДЕН ОДГОВОР НА ВАКА ПОСТАВЕНОТО ПРАШАЊЕ), 10,6% од испитаниците Одбиле да одговорат на прашањето а 12.8 одговориле со “Не знам, се уште немам одлучено”.
На прашањето
ЗА КОГО ЌЕ ГЛАСАТЕ?
24,4% одговориле дека ќе гласаат за Коалицијата на СДСМ,
21,1% одговориле дека ќе гласаат за Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ,
додека вкупно 42,7% одговориле дека Нема да гласаат, Одбива да одговори или Не знае, се уште нема одлучено за кого ќе гласа.
Остатокот од резултатите на анкетата нарачана од СДСМ и објавена на нивниот партиски веб сајт погледнете ги тука.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!