БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Доктор Франкенштајн удри по своето чедо- Интервју на Милчин за Фактор

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Долгогодишниот директор на Фондацијата Институт Отворено Општество Македонија Владимир Милчин во интервју за “Фактор” го критикува владеењето на актуелната власт предводена од СДСМ и Зоран Заев.

Професорот и режисер (сега) во пензија кој стоеше на чело на Шарената револуција која ги “масакрираше” со боја институциите со цел да ја собори минатата влада, кој држеше “просветлувачки” говори на толпата демонстранти од СДСМ пред Владата и учествуваше во инсталацијата на т.н. “Шатори на слободата од режимот”, сега од денешна перспектива го напаѓа “системот” воспоставен од луѓето во чијашто инсталација да дојдат на власт самиот помогна.

На прашањето дали Македонија може да се европеизира одвнатре, проминентниот професот Милчин вели:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

-Се надевавме дека СЈО ќе биде моторот на европеизацијата на Македонија. Нè излажаа. Аферата „Рекет“ и она што следеше по неа дефинитивно ги урнаа сите надежи дека актуелната власт е посветена на европска Македонија и на слоганот „Нема правда, нема мир!“. Тој слоган подразбираше и казнување на криминалците од бившата, но и од сегашната власт, но и социјална правда. Најголемата партија во владејачката коалиција претендира дека е социјалдемократска! Всушност, сите големи партии кај нас работат во корист на олигарсите. И не го кријат тоа. Анѓушев е вицепремиер во актуелната влада. Нема надеж да ја почнеме европеизацијата однатре.

Дополнително Преспанскиот договор и процесот за промена на името и поништувањето на идентитетот на Македонскиот народ и постоењето на Македонскиот јазик, професорот смета дека допринесуваат кон оваа состојба.

Едноумието падна, безумието тропа на нашите порти.

-заклучува на крај во своето интервју Владимир Милчин.

Остатокот од интервјуто може да го прочитате на Фактор.мк

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace