БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Захариев: Бесплатен оброк за штипските ученици од прво до петто одделение

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Еден од нашите најголеми приоритети ни се најмалите, тоа се нашите ученици и ние направивме многу во претходните четири години за образованието благодарение на поддршката од централната влада, вели кандидатот за градоначалник на Штип Илчо Захариев.

Во овој момент се шират некои информации дека доколку во Штип победи Захариев, а на централно ниво е владата СДСМ нема да пушта пари за градот Штип. Граѓаните на Штип плаќаат даноци и давачки како и сите останати граѓани на оваа земја, стопанството ги плаќа сите давачки и има законски рамки и обврски централната власт да дава пари за нашата општина. Всушност кога Зоран Заев беше градоначалник на Струмица владата на ВМРО-ДПМНЕ ги сервираше сите свои обврски кон сите општини. Ние имаме одличен буџет и направивме одлична финансиска дисциплина во нашиот град, а граѓаните се лојални и го плаќаат данокот и ние им вративме на граѓаните со 450 проекти, потенцираше Захариев.

Тој додава дека во наредниот период воведуваат новина и нивните ученици од прво до петто одделение ќе добиваат бесплатен оброк кој ќе го плаќа целосно општина Штип.

-Над 2 илјади деца од прво до петто одделение почнувајќи од наредната година ќе добиваат бесплатен оброк, а на тој начин ќе им помогнеме и на родителите, но пред се на училиштата, а најмногу на најмалите затоа што тоа не е голем трошок за општината, а ќе биде придобивка за 2 илјади ученици, рече Захариев.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Извор:Курир

 

Креирано од:


Пренеси го гласот