Скопје се наоѓа пред прогласување на епидемија од жолтица. Регистрирани се 56 случаи од заразна жолтица.
Оваа бројка е многу повисока од минатите години во 2018 година каде имало 30 заболени. Од 17 општини во Скопје во 12 општини има заболени со жолтица. Случаите меѓу себе не се поврзани освен во едно семејство каде имало тројца заразени од жолтица.
Веќе е направена дезинфекција, како и едукација за вработените и учениците за одржување на хигиена во училиштата.
Инкубацијата на жолтица трае две недели кога без никакви симптоми заболениот може да ја пренесе , а пациентот може да има симптоми на настаника па потоа да премине во пожолтување на белките на очите и кожата и измени во бојата на мокрачата и изметот.
Жолтицата се јавува како последица на зголемено ниво на билирубинот во крвта, кое се манифестира со пожолтување на склерите, кожата и слузокожата. Може да станува збор за прехепатална жолтица (при хемолиза на крвта), хепатоцелуларна (при хепатитис, цироза, алкохолна болест на црн дроб), опструктивна (опструкција на жолчни патишта од метастази, жолчни камења) и неонатална жолтица (жолтица кај новороденчиња).

Хепатитис претставува заболување кое се карактеризира со воспаление на хепаталните клетки, односно клетките на црниот дроб. Постојат повеќе причини кои доведуваат до хепатитис како прекумерна употреба на алкохол, траума, примање на одредени лекови и одредени автоимуни заболувања, но најчесто се јавува како резултат на вирусна инфекција.
Вирусниот хепатитис во најголем дел од случаите е предизвикан од хепатотропните вируси (A, B, C, D, E, F, G), а поретко од други вируси како Епштај Бар вирусот (инфективна мононуклеоза) или варичела (овчи сипаници).
Хепатитис А е најчестата форма на акутно вирусно воспаление на црниот дроб. Официјално светот регистрира околу 1,5 милиони случаи годишно, иако се смета дека стапката на застапеност на инфекцијата е 10 пати поголема. Ова заболување е тесно поврзано со лоши социо-економски услови и е најзастапено кај ниско развиените земји или земјите во развој.
Хепатитис А има сезонски карактер и најчесто се јавува во есенско-зимскиот период, а времето на инкубација вообичаено е од 14 до 28 дена.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија