По неколку реакции во јавноста кои што ги уапти Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски со директни прашања до Зоран Заев дали, како и на кој начин го пријавил случајот “Рекет” кај обвинителските власти, повеќе време следуваше молк од страна на првиот човек на Владата.
Денеска Николоски повторно, најдиректно го повика Зоран Заев да одговори на прашањата поврзани со “Рекет”:
Пред една недела побарав Зоран Заев да ја покаже белешката од пријавата на случајот ,,Рекет”. Имено неговиот ПР тим тврди дека тој прв пријавил за “Рекет”, ако е така нека ја покаже белешката од пријавата.
После мое упорно инсистирање во понеделникот кажа дека требало да провери во агендата кој ден и каде го пријавил ,,Рекет”. Па јавно прашувам пет дена ли му требаат да провери кога го сторил тоа? Пет дена неможе да ја провери сопствената агенда? Па веќе никој не верува на овие лаги, провидно е…
Јасно е дека бега од одговор зашто Зоран Заев не го пријавил ,,Рекет”. После една недела тоа е заклучокот и вистината за ,,Рекет”, Зоран Заев не го пријавил зашто самиот тој е на врвот на пирамидата.
-соопшти потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Во текот на денот потоа Зоран Заев одговорајќи на новинарско прашање соопшти дека:
Денес добив прашање од медиумите за точниот датум кога сум го пријавил случајот „Рекет“. Проверив и ја известувам јавноста дека случајот „Рекет“ го пријавив на 22 април 2019 година,
-напиша на социјалните мрежи Зоран Заев.
По ваквиот одговор на Заев повторно во јавноста се одзва Александар Николоски со сл. соопштение:
После недела дена јавен притисок Зоран Заев само го потврди тоа што јас цело време го тврдам – пријава за Рекет од страна на Зоран Заев нема! Да имаше Заев ќе ја покажеше белешката од пријавата! Нагласувам согласно Законот за кривична постапка член 274 став 3 кој вели дека доколку пријавата се поднесува усно за истата се составува записник, а доколку е телефонски се составува службена белешка, мора да има записник или службена белешка од пријавата, истата треба да е потпишана од Заев како пријавител и надлежен обвинител. Од истата Заев како пријавител би требало да добие копија. Може ли да ја видиме пријавата ? Очигледно неможе зашто ја нема. Разговор со обвинител на улица или во нечиј кабинет не е пријава. Се знае како се пријавува и се знае како е процедурата јасно согласно Законот за кривична постапка. Се распрснува уште еден меур на лаги, исто како што денес се распрсна тоа дека Боки 13 нема ништо со СДСМ. Имал и тоа многу ете дома му биле на гости цело раковоство на СДСМ од Шекеринска, преку Филипче, до Градоначалникот на Карпош и многу останати. Факт е дека Заев не го пријавил Рекет, како што е факт дека цел врв на СДСМ бил во тесна релација и координација со Боки 13.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Истрага за проневера во службата во ФФМ
Алиу на економско-социјалниот совет: За секој денар од акциза од тутун, економијата троши приближно четири денари за справување со здравствените последици од пушењето
Присуство на висока партиска делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од ген-секот Драган Ковачки на конференција посветена на иднината на Македонија