Денеска во изјава за медиумите Зоран Заев начелно се согласи со сопствената обврска на која се обврза на четирипартитната средба кај Стево Пендаровски за одржување на Предвремените Парламентарни избори на 12 Април наредната година.
Од таа средба Зоран Заев неколку пати ретерираше од таа негова обврска, за што испорачуваше повеќе услови во вид на алиби за неодржувањето на изборите.
Денеска конечно потврди дека на 3 Јануарике си поднесе оставка за пак да остави простор за резервираност префрлајќи ја топката кај претениците кои го бираа да биде Премиер.
Тој денеска соопшти:
Ако се стои на зборот од страна на Парламентот, нема потреба да нема избори, така што на 3 јануари јас ќе ја поднесам мојата оставка и верувам дека на истиот ден ќе може да се даде мандатот на новиот претседател на владата за да може истиот ден да се избере владата,
со што повторно остави простор да се пишмани за оставката и утврдување на 12 април како ден за Предвремени Парламентарни избори од страна на владејачкото мнозинство во Македонскиот парламент.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!