Локалната власт на СДСМ во Виница спроведува класична партизација во образованието во општина Виница од која трпи образовниот процес во ПУ Гоце Делчев во Истибања.
Во именуваното училиште владее хаос!
Училштето е оставено без редовни наставници во одделенската настава, учениците ги учи буквално кој стигне, некои одделенија имаат секој ден различен наставник.
Причина за ова се насоките кои ги има директорката Мара Јованова од градоначалникот Ивица Димитров наспроти најдобро рангираните наставници на јавниот оглас кој беше распишан и во кој беа предвидени двајца наставници во ова училиште, да избере истакнати партиски активисти на СДСМ.
Ја повикуваме директорката Мара Јованова да постапи по задолженијата на Државниот просветен инспекторат и да ги избере најдобро рангираните наставници.
Доколку во најскоро време директорката не постапи по задолженијата на ДПИ го повикуваме градоначалникот Ивица Димитров да ја разреши и да докаже дека не стои зад целиот овој скандал, во спротивно ќе го повикаме Министерот за образование и наука Арбер Адеми да ги одземе надлежности во образованието на општина Виница, заради очигледната брутална партизација која се спроведува во образованието во општина Виница.
-соопштение за јавноста на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Виница.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Самопрогласени „синдикални лидери“ шират лаги за изградбата на автопатот Охрид – Кичево. Ќе го завршиме на време и сите ќе му се радуваме
Пилот проект за лекување од далечина започна да се спроведува во Делчево и Дебар
Сообраќајна несреќа со тешки телесни повреди денеска во Штип