Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Штип ја алармира јавноста во врска со набавката на 20 години старо возило по цена од речиси 2,5 милиони денари од страна на Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски. Според техничката документација станува збор за Машина за чистење снег на која што е вградена соларка за растурање сол со минимум капацитет од 1,3 м3 која што не треба да биде постара од 20 години.

За вчудоневидувањето да биде поголемо општината Штип и Градоначалникот Боочварски ја реализираат оваа јавна набавка во година кога снежните врнежи како во државата така и во Штип речиси и да ги немаше.
Во продолжение во целост ја пренесуваме реакцијата на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Штип, во врска со оваа набавка:
” Градоначалникот на Општина Штип, веројатно загрижен за состојбата со снегот по улиците, одлучил ЈП Стипион да набави амортизирано, 20 години старо, расходувано возило за цена од дури 2.478.000 денари (40.000 евра). Оваа година немаше снег и не не‘ изненади.
Но, цената и годината на производство на набавената соларка – не‘ замисли. Градоначалникот, како вообичаено не пропушти прилика да се пофали со набавеното возило. Истото е наменето за чистење на коловози во зимски услови, но заборави да ги информира граѓаните за цената, функционалноста и годината на производство.
Информација, која за локалната самоуправа можеби не толку важна, но за граѓаните на Општина Штип од огромно значење! “



СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Кривична пријава за жител на село Тработивиште затоа што упатувал закани кон неговиот чичко
Кривична пријава за жител од Македонска Каменица: Ширел расистички и ксенофобичен материјал на социјални мрежи
Општина Кочани објави Јавен повик за ангажирање 20 пожарникари