БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Министерот Наќе Чулев застанува на патот на злоупотребите во МВР во интерес на граѓаните на Република Македонија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев се обрати во јавноста во врска со се позачестените информации кои ги слуша како од граѓаните така и од чесните и професионални вработени во МВР за нерегуларностите при извршувањето на работата на полициските слуќбеници, инспектори и останати униформирани и неуниформирани вработени во МВР.

За таа цел Чулев денеска со свое соопштение во јавноста ги разобличи ваквите појави, но и изрази силна подготвеност да им застане на патот на сите лоши и противзаконски практики во МВР во интерес на граѓаните на Република МАкедонија.

Во продолжение во целост го пренесуваме неговото соопштение:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Често при моите теренски посети и средби, граѓаните се жалат за селективан пристап при работењето на полициски службеници, непостапување и чување предмети во фиока. Тоа се информации во кои како професионалец не сакам да верувам, но аргументите кои ги гледам за жал покажуваат дека истото не ретко се случувало. Веројатно во минатото некој имал политички, личен или друг интерес да го прави тоа.

Јас сум убеден и цврсто решен, согласно моите надлежности да ставам крај на таквото работење во министерството за внатрешни работи. Во оваа насока праќам порака дека ниту еден случај на злоупотреба на службената должност нема да остане нерешен или заборавен. Одделот за внатрешна контрола има целосна поддршка од мене да биде на страната на граѓаните и да постапи по сите случаи каде има незаконско постапување од страна на полициските службеници или пак нивна инволвираност во било какви криминални активности.

Напоменав и ќе повторам дека застанувам на страната на секој чесен граѓанин на Република Македонија и секој чесен професионалец во редовите на Министерството за внатрешни работи.”

Ова негово соопштение доаѓа по двете иницијативи за поведување постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против двајца полициски слеуќбеници за кои што информираше денеска МВР.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace