БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Почина вечниот Спартак. Згасна животот на Кирк Даглас на 103 години

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Синот Мајкл Даглас соопштил дека ѕвездата на “Патишта на славата” (Paths of glory) и “Порив за живот” (Lust for life) оставил наследство кое што се одржи со генерации.

Кирк Даглас кој што беше последната голема ѕвезда на на Златното доба на Холивуд почина на свои 103 години.

Неговиот син Мајкл ја објави веста со изјава упатена на Инстаграм вечерва.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“За светот тој беше легенда, актер на златното доба на филмови кои што ги проживеа добро во неговите златни години, хуманитарец чијашто посветеност на правдата и на каузите во кои што веруваше, стандард кон кој што многумина се стремат”, стои во изјавата.

“Но за мене и за моите браќа Џоел и Питер тој беше едноставно Тато, за Катрин прекрасен свекор, за неговите внуци и правнуци сакан дедо, и за неговата жена Ен, прекрасен сопруг”.

Кирк Даглас неодамна го прослави својот 102 роденден со својата 3 години помлада сопруга за што претходно известивме.

Кирк Даглас е легендарен холивудски актер зад кој се наоѓаат едни од највпечатиливите и незаборавни филмски остварувања.

Една од тие улоги е улогата на римскиот гладијатор и роб Спартак, кој го предводеше познатото Спартаково востание против моќната Римска империја во античкиот свет.

Роден како Исур Даниеловиќ Демски во семејство на Руско еврејски мигранти, Даглас проценил самиот дека работел 40 работи пред да ја пронајде својата слава како актер. Ова негово челичење во животот ќе го дефинира него како човек. Дури во неговата средовечност кога веќе бил финансиски доста моќен , тој бил сметан за тежок муштерија, како на големото платно така и во приватниот живот.

Во една прилика тој самиот изјавил: “Создадов кариера за себе, глумејќи кучкини синови”.

Дебитирал во 1946 година во филмот “Чудната љубов” (The Strange Love), пред да се појави во филмот наспроти Роберт Мичам и Џејн Гриер во филмот “Надвор од минатото”(Out of the past).

Креирано од:


Пренеси го гласот