БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Кирк Даглас го прослави 102 роденден со 3 години помладата сопруга

Пренеси го гласот

Навистина е респектабилно кога твојата 99 годишна сопруга ќе присуствува ма твојот 102 роденден како помлад партнер!

А Кирк Даглас изледал вообразено како и секогаш со Ен Бајденс, после 64 години брак, додека го прославуваа неговиот 102 роденден минатата недела.

Легендата од малите екрани позираше за фотографите пред неговиот дом во Беверли Хилс заедно со сопругата Ен, за неговите фанови.

Кирк Даглас изгледал на штрек и среќно додека разговарал со придружниците, а околу него бил поставен огромен цветен аранжман д бели рози, кои го прикажувале бројот на неговите години.

Ѕвездата која е во инвалидска количка откако претрпе удар можеше да биде забележан како цело време ја држел сопругата за дланка.

Живата легенда кој што е роден во истата година кога се одиграла Сомската битка во Првата светска војна, годината на првата успешна трансплантација на крв и годината кога Вудро Вилсон по втор пат бил избран за претседател на САД, за време на својата роденденска свеченост носел црни панталони и темна дуксерка.

Неговата снаа (познатата холивудска актерка Кетрин Зета-Џонс) сподели видео во чест на својот свекор кого го нарече “Најпрекрасниот човек”.

Кирк Даглас е легендарен холивудски актер зад кој се наоѓаат едни од највпечатиливите и незаборавни филмски остварувања.

Една од тие улоги е улогата на римскиот гладијатор и роб Спартак, кој го предводеше познатото Спартаково востание против моќната Римска империја во античкиот свет.

Креирано од:


Пренеси го гласот