Благица Ласовска од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Свети Николе е новата претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.
Таа беше избрана во стандардна партиска процедура на оваа носечка партиска функција откако поранешната претседателка Даниела Рангелова се повлече од функцијата по сопствена иницијатива.
Благица Ласовска е родена на 8.3.1970 во Штип. По националност е Македонка. Магистер по менаџмент во образование и образовни политики, УГД Штип.
Моментално таа е една од најангажираните пратенички во Македонското собрание со што претставува еден од носечките столбови во заштитата на интересите на граѓаните на Република Македонија.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!
АХВ и Ветеринарната комора партнерски ќе бараат решенија за предизвиците
Денеска се одржа саем на женско претприемништво „ЕКСПО 2026“