БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Јанушев од Облешево: Сите оние коишто придонесоа за уништување на македонската држава ќе одговараат после 12-ти април

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Мизеријата на криминално-рекетарската банда предводена од Заев продолжува, после се она што го видовме со случувањата последните денови во собранието. Продолжувањето со ширење на шовинизам и антисемитизам, дополнително го поделуваат македонското општество и ова не е затоа што ВМРО-ДПМНЕ го кажува туку ова е ставот на граѓаните, истакна Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

-Денес сме во посета на општината Чешиново-Облешево, ги посетивме населените места Соколарци и Облешево, разговаравме со граѓаните, разговаравме со земјоделците пред се. Но, она што овие денови ја тишти цела Република Македонија се токму овие последни случувања и она што го кажав пред малку што е всушност ставот на граѓаните, подвлече Јанушев и додаде:

„Имаме да порачаме дека за сите овие злодела, за ова што го прават ќе одговараат. 12-ти април е денот којшто доаѓа за нешто повеќе од 50-тина денови од денеска, народот си доаѓа по своето и народот ќе ја казни оваа криминално-рекетарска банда на власт. А сите оние коишто се огрешија, сите оние коишто придонесоа за уништување на македонската држава ќе одговараат после 12-ти април“.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот