Траорни глетки со состојбата со езерата во Македонија се присутни во изминатите неколку месеци. Негрижата на надлежните како и дефектите во менаџментот со истите се причина за овие слики кои ги гледаме во државата.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски сподели видео во кое е илустрирана лошата состојба со езерата. Едно од тие езера кај кои состојбата со количините и нивото на вода, е и Калиманското езеро чија што состојба налага дека ќе имаме криза за вода за водоснабдување за огромен фонд на површини во кочанско и овчеполието.
Со тоа директно е загрозена егзистенцијата ан голем број земјоделски семејства кои егзистираат од родот по полињата, кој што е зависен од оваа вода која ја нема.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Истрага за убиство при семејно насилство во Битола
Средба на Јавниот обвинител Савески со директорката на ОТА Јаническа
Истрага за Претседател на суд и Судски администратор