БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

ВМРО-ДПМНЕ поднесува кривична пријава за загрозување на здравјето на граѓаните до надлежното обвинителство

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција го изнесе партискиот став во врска се позагрижувачката состојба во државата поврзана со ширењето на Корона вирусот, за одговорноста на Венко Филипче како и предлог мерки кои под итно треба да ги превземат надлежните институции во најкус можен период.

Во продолжение во целост ја пренесуваме прес конференцијата на Дафина Стојаноска:

“Неспособноста на Венко Филипче и владата се плаќа со здравјето на граѓаните. Доцната реакција на надлежните институции резултираше со голем број на лица кои се во изолација. Меѓу нив се и лекари.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Мерките со кои секојдневно се фалеше Филипче на прес конференции се покажа дека се фарса и дека се спроведуваат половично.

Прво, нема соодветна контрола на граничните премини и на двата аеродрома за рано предупредување за заболени од корона вирусот. Ако имаше, тогаш немаше вирусот да се шири секојдневно и тоа од луѓе кои допатувале од кризните држави зафатени со епидемија на корона вирусот.

Второ, недозволиво е што директорката на Клиниката за дерматологија се однесувала неодговорно. По откривањето на постоењето на вирусот според наши сознанија направен е обид за премолчување на вистината и притисок да не се дознае во јавноста, што е навистина скандалозно. Со несовесно однесување, по направени серија на пропусти Венко Филипче го загрозува здравјето на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното обвинителство за загрозување на здравјето на граѓаните. Потребна е одговорност и поднесување на оставка.

Владата заедно со стручните колеги од министерството да ги преземе следните мерки:

-Распуст за децата од предучилишна и училишна возраст, 

-Строго евидентирање на сите лица кои влегуваат во државава од кризни зони со корона вирус,

-Контрола и ограничување на прегледите и интервенциите кои не се со итност со цел да се растерети терциерното здравство и да биде подготвено да одговори на ситуацијата како и да се заштитат пациентите и медицинските лица,

-Надлежните институции, Центарот за управување со кризи, Државниот здравствен санитарен инспекторат, Комисијата за заразни болести да ги спроведуваат доследно своите надлежности и јавно да претстават акциски планови за делување.

Дилетантскиот пристап на Филипче го загрози здравјето на граѓаните. Потребни се мерки кои ќе дадат резултати.”

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace