Денеска во Делчево постхумно беше промовиран романот “Алтан” од роднокрајната авторка Павлинка Ѓорѓијоска.
Настанот кој беше организиран и воден од познатиот Македонски сатиричар Миле Ѓорѓијоски- сопруг на предвреме починатата Павлинка Ѓорѓијоска. Поддршка за настанот овозможи Националната установа Центар за култура „Никола Јонков – Вапцаров“ во Делчево.
Во првиот дел од промоцијата литератуно читање на делови од содржината и рецензиите на претходните два романи на Павлинка Ѓорѓијоска “Во Тунелот” и “Петра” читаа поетесата Христина Деолска, некогашниот актер- аматер Зоран Паговски- Пивото и Лидија Дамјанова која што е Дипломиран професор по Македонски јазик и литература.
Дел од содржината на новиот роман “Алтан” читаше доајенот на Пијанечкото новинарство, наставник, публицист и поет Васил Маневски, а дел од оригиналната рецензија на романот прочита Христина Деолска.
На настанот присуствуваа дел од членовите на некогашниот Експериментален театар од Делчево како и повеќе љубители на пишаниот збор и ликот и делото на Павлинка Ѓорѓијоска.
Во продолжение го пренесуваме видеото од самиот настан

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!
Уште една голема инвестиција на владата во здравството за делчевчани: Две нови возила за ЈЗУ Здравствен дом ,,Гоце Делчев ” во Делчево