БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Секој Македонец е важен! Пријавени 7508 Македонци за гласање во ДКП

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Синоќа на полноќ заврши рокот за пријавување на Македонците кои живеат и работат во странство за гласање во државните конзуларни претставништва на претстојните предвремени парламентарни избори.

Гласањето во ДКП-ата ќе се реализираа на 11 април ден претходно од денот на изборите во Република Македонија кој ќе се реализира на 12 април.

Краткиот временски рок кој беше предвиден за пријавување на Македонците за гласање во странство, недостигот на информации во јавноста во земјите во кои што живеат нашите сонародници како и проблемите со недостапност и паѓање на системот на веб сајтот на Државната изборна комисија се некои од причините зошто е толкав мал бројот на пријавени гласачи во странство. Дополнително неажурноста и неспособноста на институциите во Македонија во пребројувањето на Македонците со Македонски пасош кои живеат и работат во странство, во јавноста овозможува да се минимизира бројот на Македонци во странство со што јавноста нема соодветна слика за вкупната бројка на Македонци низ различните држави во светот.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Ваквите аномалии и недостатоци во иднина треба да се надминат за да можат сите Македонци навремено да добијат соодветна информација на кој начин можат да го остварат своето законски и уставно определено право да бира и да биде биран во институциите во Република Македонија.

Пријавените 7508 гласачи за изборите се доволни да биде избран само еден од предвидените три пратеници од дијаспората согласно постојната законска регулатива во Република Македонија.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace