БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Јанушев кон власта: Веќе 1 месец ви укажувавме дека мора масовно да се прави тестирања

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев со свое обраќање до јавноста ги критикуваше задоцнетите мерки за заштита на граѓаните од пандемијата на Корона вирусот кои ги спроведува актуелната власт во државата.

Тој уште еднаш ги потсети властите што треба да превземат во врска со кризата за да се избегнат што е можно повеќе несакани ефекти.

Во продолжение го пренесуваме соопштението на Игор Јанушев испратено до јавноста:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Престанете со “голиот” популистички PR и презентирање на фактографски податоци, гледаме дека немате контрола над ситуацијата и целосно сте „без компас“ … затоа прифатете ги предлозите, барањата и мерките без разлика од каде доаѓаат – дали е тоа опозицијата, дали е тоа со „copy-paste“ на мерките кои ги спроведуваат другите држави … не е важно тоа во моментов … важно е што е можно побезболно да ја надминеме заканата за сите нас!

Имаме смртен случај и покрај тоа што биле земени 2 теста и резултатите биле негативни … знаете дека сопругот на жената што е позитивна на вирусот е вработен во МВР – СВР Куманово и знаете дека вчера бил на работа, така? … превземете ги сите потребни мерки да го спречите ширењето на вирусот … знаете за многу слични случаи и не превземате ништо … знаете дека во Градска Болница има сестра која пред 2 недели се вратила од Турција, за која дури вчера е потврдено дека е позитивна, а во меѓувреме 2 недели одела на работа, контактирала со колеги и голем број на пациенти? … дури денес почнувате да ги тестирате тие 50на од Клиниката за кожни болести … токму затоа за едно деноноќие имаме 29 нови случаи, што е најмногу досега за период од 24 часа. Бројката на заболени во земјава достигна до 114.

Веќе 1 месец ви укажувавме дека мора масовно да се прави тестирања … токму затоа ви е задоцнета мерката од утре да почнат да функционираат 14 пунктови, каде ќе се врши тестирање. И еве веднаш ќе ви кажам – премалку се! Матичните лекари не знам веќе колку време „ве молат“ да им дадате инструкции како да постапуваат, за конечно пред 2 дена да одржите состанок со нив и конечно да ги вклучите во системот за постапување … но, како викаат кај нашиот северен сосед „боље икад, него никад“.

Веќе 1 месец ви укажувавме и баравме мерки со кои ќе се “замрзнат” обврските на компаниите кон државата чија што работа е погодена со настанатата ситуација со корона вирусот за месец март … итно “замрзнување” на обврските на компаниите кон банките и заемодаваталите чија што работа е погодена со состојбата на корона вирусот … државата да ги плати трошоците за вработените во компаниите погодени од состојбата со корона вирусот во висина од 50% … и уште многу други мерки …

Затоа, престанете да кажувате што треба да се направи … на граѓаните над 65 години требало да им биде ограничено движењето … и за младите до 18 години ќе имало мерки … требало да се обезбеди сигурност на буџетот и негова ликвидност … требало да се обезбеди финансиска инјекција во стопанството преку мерки за помош на фирмите и тоа потребно било да се обезбедат средствата веднаш … доста „приказни за мали деца“ што треба да се направи – направете го, спроведете го на дело, не е важно кој го предложил!

Предложените мерки на Заев нема да ги коментирам, особено онаа „најјаката“ – плата за сите во висина од 14.500 денари за април и мај … срамота, од каде го доведовте народот во Република Македонија на “питачки стап“, сега уште и во ова „зло време“ земете им ги и макотрпно спечалените пари!”

Креирано од:


Пренеси го гласот