Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Виница ја алармира јавноста во врска со постапка со која се прави прекршување на Уредбата на Владата со која е забрането вработување во јавен сектор, која според опозицијата ја направила директорката на Основното Општинско Училиште “Гоце Делчев”од Виница.
Во продолжение ја пренесуваме реакцијата упатена во јавност од страна на ВМРО-ДПМНЕ ОК Виница:
“Очигледно одлуката на Владата на РМ за забрана на нови вработувања во јавниот сектор(освен здравствениот), не важи и за директорката на ОУ Гоце Делчев, Мара Јованова.
Имено, истата засновала работен однос на двајца наставници на определено времетрање, замислете како ИТНИ и НЕОДЛОЖНИ работи.
Еве ја прашуваме директорката да објасни на Виничката јавност кои се тие итни и неодложни работи во ситуација кога училиштата не работат ?
Притоа за скандалот да биде поголем тоа се истите лица кои беа избрани на спорниот оглас од 19.12.2019 година за кој веќе еднаш реагиравме 👇
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=3292078034140745&id=516148198400423
Ја информираме јавноста и дека незаконскиот избор на горе наведениот јавен оглас со Решение беше поништен од Државниот просветен инспекторат и за директорката и нејзиниот избор има поднесено и кривична пријава до ОЈО Кочани.”


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Товарно возило удрило во мопед на магистралниот пат Штип-Делчево
Во ритамот на пијаното – најава за концерт на младата пијанистка Јулијана Јанев во Кочани
Експлозија на ел. бојлер во викенд куќа во Равна Река, пехчевско причина за повреда на 42 гидишна жена од Штип