БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Драган Ковачки со честитка за денот на Првата Бригада на АРМ: Чест и Сила! Прва

Пренеси го гласот

Дури и во најтешките услови и состојби, должни сме да си ја негуваме традицијата. Само со почитување на традицијата сме тоа што сме, а без неа сме само бројка.

Денеска е денот на првата бригада, на најголемата единица на АРМ која влече корени од 14. младинска македонска народноослободителна ударна бригада (14.ММНУБр) и кичевско (гостиварско)- мавровскиот партизански одред. Овие единици имаат учествувано во ослободувањето на градовите долж течението на реката Брегалница, градот Скопје, западниот дел на Македонија но и на крвавиот Сремски Фронт.

Почитувани сегашни и поранешни припадници на единицата, нека е честит празникот, бидете горди на вашето минато и продолжете по патот на вашите претходници. Во овие тешки времиња, вам и на вашите семејства единствено ќе ви посакам многу здравје.
Како поранешен командант на единицата имам обврска да упатам 2 пораки:
Првата порака е до старешините: Чувајте ги и вреднувајте ги војниците оти тие ги заложиле животите за нашата татковина и се најсветото нешто што го имаме.
Втората порака е до војниците: Слушајте ги и почитувајте ги вашите старешини оти тие се најдобрите и најмудрите што ги имаме.

Чест и Сила! Прва

Креирано од:


Пренеси го гласот