Дополнителниот заменик министер за земјоделие, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски ја алармираше јавноста за негативните процеси кои се случуваат во ЈАвното претпријатие Македонски шуми.
Како што информира Трипуновски, станува збор за неисплатени плати и придонеси за околу 3000 вработени во претпријатието кои мака мачат во овие денови на покачени трошоци и општ хаос во кој што се наоѓа државата поради пандемијата со корона вирусот.
Во продолжение во целост го пренесуваме соопштението на Цветан Трипуновски во врска со овој проблем:
“Околу 3000 вработени во ЈП Македонски Шуми, два месеци се без плата и платени придонеси за пензиско и здравствено осигурување. Тоа се речеси 3000 семејства на кои им е загрозена егзистенцијата. Во ек на светска пандемија, покачени трошоци за живот и општ хаос 3000 наши сограѓани се соочуваат со мака како да го преживеат месецот, тоа се луѓе со кредити, со разни други давачки, на некој од нив ова им е единствен приход за живеачка.
Да не се исплати плата за два месеци е крајно неодговонорно, нехумано и недомаќинско работење од страна на менаџерскиот тим на ЈП Македонски Шуми.
Каде се парите за плата на овие луѓе!? Доколку нема зошто се примаат нови и се штанцаат нови огласи за партиски вработувања!? Доколку има, каде завршиле и зошто не им се исплатени на работниците!?
3000 семејства не смее да останат без егзистенција. Платите на вработените во ЈП Македонски Шуми мора да се исплатат.”


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Пронајден хероин во дом на жител од Свети Николе
Кривична пријава за 4 жители на Крива Паланка
150 студентки, отворени предавања и силна порака од dm по повод Светскиот ден на менструалната хигиена