Во контекст на развојот на настаните околу кризата и зголемувањето на рестриктивните мерки кои што ги донесе владата, со ограничувањето на движењето на граѓаните, од опозицијата во Виница јавно прашуваат за формирањето на волонтерската служба од страна на Општинскиот кризен штаб.
Притоа од ОК на ВМРО-ДПМНЕ ги нудат своите човечки капацитети да помогнат на граѓаните во Виница во овие тешки моменти за сите.
Во продолжение го пренесуваме соопштението на ВМРО-ДПМНЕ ОК Виница во врска со ова прашање:
“Од она што бевме информирани преку официјалната ФБ страница на општина Виница за денешната седница на Општинскиот кризен штаб никаде не забележавме дека на дневен ред било и постапувањето по задолжувањето од Владата за Општинските кризни штабови во соработка со МВР за организирање на движењето на лицата волонтери кои што ќе ги доставуваат најнеопходните намирници до домовите на повозрасните граѓани и на лицата од ризичните групи.
Не сме запознаени и дали Општинскио кризен штаб воошто има обезбедено волонтери.
Поради тоа апелираме до Општинскиот изборен штаб да покаже солидарност и постапи по насоките на Владата, а ние како УМС Виница се сме подготвени во секое време да волонтираме во исполнувањето на оваа хумана обврска кон нашите сограѓани кои имаат потреба.
#СедиДома“

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Претстои реконструкција на игралиштата во ООУ „Св. Кирил и Методиј“
Полскиот амбасадор во посета на Општа болница Кочани
Градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски дел од јавниот форум „Жените знаат што им треба“, во организација на Здружението „Гласен Текстилец“ во Штип