БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Љубомир Цуцуловски: ЗА КУЧИЊАТА И…

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Ова го пишувам како пензионер, без никаков пардон кон никој. Речиси не постои медиум во Државата, ако ова e држава, во кој не се нагласува дека пензионерите создавале неред и турканици пред продавниците, супермаркетите и банките, со своето комотно, што значи неодговорно однесување. Некои од нив дури и раскалашено се шетале по улиците, ризикувајќи да се заразат и, на тој начин, да ги заразат и другите. Замислете ваква теза да се изрече за припадниците на ЛГБТ заедницата. Вревата што ќе ја подигнат „слободарите“, снобовите, „либералите“ и помодарите ќе биде неподнослива, бидејќи ќе ја прогласат за израз на примитивна балканска дискриминација, за израз на омраза и повик за линч на ЛГБТ заедницата, како што и купувањето лубриканти (за нечии потреби) беше знак на еманципиран потег. Кога првпат се воведе полициски час (од 21:00 до 05:00 часот наутро) по Водно веднаш беа организирани теревенки, со палење огнови и налевање со алкохол. Никој (и со право!) тоа не им го припиша на маладите онака топтан, генерално, како што и полноќните „балови“ во Сопиште или Соње не им ги припиша на младите во целост. Трагично е што посредно (повеќе или помалку) пензионерите се сметаат за терет на државата (како да се нејзин трошок/баласт), неводејќи сметка дека за време на целиот свој работен век одвојувале/одвојувавме за пензиските и здраствените фондови. Ќе ги имаше ли денешните училишта, факултети, станови, патишта, културни домови… ако тогашните млади (сега пензионери) не учествуваа/учествуваме во нивната изградба? Ќе ги имаше ли некогашните стопански објекти (уништени за време на транзицијата) ако не беа/бевме тогашните млади, сега пензионери? Пензинерите, и возрасните воопшто, сметале со своето еднократно двочасовно движење по улиците, парковите, дуќаните. За разлика од нив, кучињата и домашните миленичиња имаат право на три прошетки дневно. Постои ли срам и совест во оваа општество? Прашањето е, се разбира, реторичко – како може некој да чувствува срам, ако нема ниту свест, ниту совест?

Меѓутоа, она што навистина вџашува (барем мене ме вџашува) е отсуството на свест за сопствената иднина. Како може да се заборава дека секоја младост (во најдобар случај!) завршува со старост и дека, токму затоа, манифестираниот анимозитет кон возрасните е, во основа, анимозитет кон она што по неколку децении самите ќе бидат? И камо среќа (ова го велам без каква било иронија) да ја дочекаат нашата сегашност, бидејќи иднина (во никулец!) веќе е содржана во сегашноста. Толку ли не сфаќаат дека говорот за нас е само одложен говор за нив?

П.С. Она што ќе го видите на приложените фотографии (ги направив пред некоја година пред и во Поштенскиот дом на Водно) е дело на старите, возрасните, пензинерите или на некои (потенцирам, н е к о и!) аздисани млади? Значи, нагласувам уште еднаш, на некои, а на младите во целина!

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Пишува: Љубомир Цуцуловски/Ljubomir Cuculovski

Креирано од:


Пренеси го гласот