Утре на 31-ви октомври се празнува Свети Лука, заштитникот на медицината, лекарите, но и основачот на иконописот.
Свети Лука е еден од првите проповедници на Христијанството, современик на Исус Христос.
Еден е од најпочитуваните заштитници на лекарите и многу семејства го слават, а во народот тој ден е познат и како Лулинден.
Во списите на старогрчки и црковнословенски јазик тој светец се опишува како „верен лекар на душата и телото”. Се почитува како заштитиник на медицината и фармацијата, болницата и аптеките, лекари, фармацевти и болни, многу семејства. Познато е дека лекувал бесплатно. Се верува дека неговите мошти имаат исцелителна моќ.
Се смета дека Свети Лука лично ја познавал Богородица и дека трите икони со нејзин лик кои светителот ги насликал се најблиски до нејзиниот вистински изглед, а позната е „икона во иконата” која го претставува Светиот Лука и во перспектива иконата на Богородица која светителот ја отсликува. Тој се смета за основач на христијанскиот иконопис.
Според богослужбениот календар на МПЦ овој ден не е обележан со црвени букви, туку е како „црно слово” поврзан со празниците од значење за суштината на Црквата. Верниците го слават и како исцелител и заштитиник на поедини занаети. Како свој заштитник го слават и образовните установи.
Свети Лука својот живот го завршил во 84 година, а христијанската традиција вели дека тој го напишал Светото евангелие по Лука-третото евангелие (по редослед во новиот завет) и Дела апостолски. Неговите мошти се чуваат во Цариград, а се смета дека стапалото на Свети Лука кое се чува во еден манастир во Црна Гора лекува болести на очите.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ВО МАГИЧЕН АМБИЕНТ ВИКЕНДОВ СЕ ОДРЖА „ПОТОЧИЊА 2026“
Луѓето се враќаат на Месечината за само 3 дена!
Бојана Скендеровски со концерт во Штип: Огнен Здравковски и Коки Јанков специјални гости