БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Наќе Чулев нареди истрага за постапувањето на полициските службеници при апсењето на детето со куче

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Откако на социјалните мрежи беше споделено видеото во кое што се гледа како оссумина полициајци со повеќе службени возила приведуваат во полициското комби “марица” дете со својот миленик- куче со своја реакција во јавноста излезе и Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев кој нареди истрага за полицајците вклучени во оваа ситуација.

Во продолжение ја пренесуваме неговата реакција:

“❗️Во текот на денешниот ден на социјалната мрежа “Facebook” се споделува видео на кое се забележуваат неколку полициски службеници кои преземаат мерки за лишување од слобода на лице кое е затекнато надвор од својот дом со својот миленик за време на ограничувањето на движењето на граѓаните.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

🗣Во таа насока би сакал да ја информирам јавноста дека од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди конкретниот случај е евидентиран и се преземаат мерки за утврдување на законитоста на постапувањето на полициските службеници, a за исходот од проверките во текот на утрешниот ден дополнително ќе биде известена јавноста.

☝️ Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди и во иднина ќе презема мерки за соодветно расчистување на сите случаи во кои постои сомневање дека постапувањето на полициските службеници е спротивно на законот.”

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace