На Заев и СДС им се побитни крадењето на парите од здравјето на граѓаните.
Со зголемени акцизи за гориво, со земени донации од граѓаните заради вирусот а потрошени за привремени вработувања и пумпање на администрацијата, СДС се обидува со предизборен поткуп и со пари од граѓаните да купува пратеници на изборите.
Граѓаните треба да бидат приоритет на секоја Влада, на секоја партија, на секој политичар!
Доколку на политичарите не им е гајле за граѓаните, тие не заслужуваат ниту да се појават на листите за државни функционери, а уште помалку да јадат леб од нивни пари!
Кога политичарите ветиле, а не исполниле ништо, не заслужуваат да добијат доверба од граѓаните.
Граѓаните се почетокот и крајот на секој политичар.
Граѓаните те носат на власт, граѓаните те буткаат од власт.
Секој политичар од типот на Заев, кога- тогаш ќе се соочи со судот на граѓаните.
Доколку збориме за избори, СДСМ сигурно ќе изгуби.
Но, ниту изборите, ниту падот на СДС е битен кога граѓаните се преплашени за своето здравје, кога граѓаните сеуште се плашат да излезат надвор поради Короната која оваа Влада сеуште не може да ја победи.
До пред 2-3 недели СоцијалДемократите велеа дека опозицијата се обидува да купува политички поени, откако им ги откри јавно пред граѓаните сите скандали.
Но, за волја на вистината, опозицијата ниту купуваше поени, ниту се интересира за избори, ниту се лакоми за власта, додека не ја победиме пандемијава, иако, кога и да се одржат изборите ќе победи со двоцифрен број пратеници повеќе.
Затоа што, за ВМРО ДПМНЕ, граѓаните на Македонија се ПРЕД СЕ и НАД СЕ!
Пишува: Мартин Ристевски
Дипломиран политиколог


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Учество на припадници на АРМ на меѓународна вежба во Турција “EFES 2026”
Славјанка Петровска: Среќен роденден, моја СДСМ
Македонија со значителен напредок во Реформската агенда презентиран пред амбасадорите на ЕУ