БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Васил Маневски: КОН 144 ГОДИШНИНАТА ОД РАЗЛОВЕЧКОТО ВОСТАНИЕ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

ПРЕД ВОСТАНИЕТО
(На Цоне Спасев – Ингилизо)

Од Разловци пред да се крене востанието,
Цоне Спасето бил пратен на мисија во Англија.
Така на Калаѓерѓево одлучило Собранието,
Родоначалник е на македонската дипломатија.

(Овој катрен е од мојата стихозбирка ЛИРСКА РАЗГЛЕДНИЦА – ЛОНДОНСКИ КАТРЕНИ, што треба наскоро да излезе од печат како двојазично македонско и англиско издание)

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

ПОСЛЕДНАТА ПРОПОВЕД НА ПОП СТОЈАН

Калаѓерѓево е рој од оси
По Обозна змии пиштат и се ронат
Ако немате пушки земете коси
Кога ќе чуете камбаните да ѕвонат.

Додека над Голак виси ѕвезден рој
И шумата почива в зеленило и сјај
Ние браќа ќе тргнеме во бој
Нека крвав биде овој мај.

За да можат внуците да пеат
И нашите, нивни да си бидат ниви
Та со срце да орат и сеат.

Да живеат, Бар кога се живи!
Да не трпат робство и не веднат глава
А овој делник, празник да го слават.

РАЗЛОВЕЧКА РАПСОДИЈА 1876

В црна мантија, поп со црвен барјак
Пред сурија боси нозе и гладни усти
На Калаѓерѓево проповед држи.

Во Разловци Камбаните ѕвонат
Од Обозна кориите враќаат ек
Мажи пцујат, жени колнат.

Облачно небо грми кобно
Лакоми јазици црвени и црни
Плитарите ги голтаат злобно.

Во Разловци горат амбари и куќи
Од под праговите разлокани
трескаат бомбите – солунки.

Горат и запалените рабуши
Со долговите наши и таткови
Со долговите дедови и прадедови.

Еден поп без мантија
Наместо иконата Исусова
Пушката берданка ја целива.

За крвавите потоцо благосолов бара
Бара првда и слобода мила
Над родните предели, над Македонија.

Пишува: Васил МАНЕВСКИ

(Сонетов и тростишјево се од стихозбирката ЗАД ТВОЈОТ СОН од Васил Маневски, чие прво издание е објавено1980 година, а второ (проширено) издание доживеа по 40 години.
Со овие стихови авторот го дава својот скромен придонес во годинашново одбележување на 20 мај – Денот на Разловечкото востание, чија 144 година ја прославуваме во вонредни околности поради пандемијата од Корона вирусот.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace