БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Кандидат за пратеник на СДСМ од Виница промовира владини мерки со надеж да се додвори за да го добие гласот на граѓаните

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Актуелните функционери на сите нивоа од власта во државата наголемо се впуштени во длабока партиска пропаганда и злоупотреба на јавни државни ресурси за политички бенефит во очи на претстојните параламентарни озбори.

Станува збор за користење на активности на државни институции платени со парите на сите граѓани во државата во функција на пропагандни активности на СДСМ со кои сакаат да се доближат до волјата на граѓаните кои се надеваат дека ќе гласаат за СДСМ на изборите. А ваквите пропагандни активности во чија основа всушност се користат јавни буџетски сретства се пласираат од партиски профили на социјалните мрежи за себепромоција на политиките на СДСМ.

За ваква активност на функционер на СДСМ од Виница денеска реагираа во јавноста од страна на Општинскиот комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ од оваа општина.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Нивната реакција ја пренесуваме во продолжение:

“Вчера кандидатот за пратеник од СДС и шеф на кабинетот на министерот за земјоделие ги објаснуваше мерките за предизборен поткуп!
Останувале посветени за помош и поддршка на македонските граѓани и македонската економија, т.н. трет сет мерки изнесувал 355 милиони евра.
Ајде мајката!
А да објаснеше Никица Бачовски колкава ќе биде ‘помошта’ на македонските граѓани и стопанственици со новото покачуње на акцизата за горивата?
178 милиони евра годишно ќе ги чинат граѓаните и стопанствениците само последното покачување од 3,5 денари!
Да потсетиме дека покачување на акцизата за горивата од најнеспособната власт во историјата на РМ од 3,5 денари имаше и во 2017-та година, со кое џебовите на граѓаните и стопанственците беа испразнети за стотици милиони евра!
За крај помош и поддршка граѓаните на општина Виница од Никица Бачовски очекуваа уште минатата есен, како практично втор човек во надлежното министерство, да излобираше и обезбедеше соодветно третирање на боровиот четник на околу 920 хектари боров насад во општина Виница за чија состојба алармиравме уште минатата година 👇

Но грижата за граѓаните на општина Виница од кандидатот за пратеник се појави сега, предизборно откако беше ставен на листата за пратеници, прашњето е каде беше помошта, поддршката и загриженоста за граѓаните на општина Виница изминативе 3 година додека ја грееше високата фотелја во МЗШВ?!?”

Креирано од:


Пренеси го гласот