БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

ЛАГИ НО ОВОЈ ПАТ СЕ НАДМИНАА И САМИТЕ СЕБЕ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Замислете, СДСМ и Зоран Заев ни зборуваат за успеси во инфраструктурата.

СДСМ кои ветија изградба на 600км автопати во државата. Ветија 600 а не започнаа ниту еден. НИТУ ЕДЕН.
СДСМ кои не се кадарни да ја продолжат изградбата на автопатот од Кичево кон Охрид, а не па да ја завршат.

СДСМ што не можат ни да го започнат автопатот од Скопје кон Блаце од неверојатни 2 километри.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

СДСМ што автопатот Демир Капија – Смоквица една година го држеа затворен за сообраќај иако беше целосно готов уште пред да дојдат на власт. Го држеа затворен за граѓаните само за туѓиот труд си го препишат на себе и да изиграат едно оро во тунелот.

Зоран Заев ни говори и лаже за 80% завршена примарна и секундарна гасификација во Македонија а реалноста вели дека ниедно ново домаќинство не е приклучено на гас. Како тоа е можно само тој си знае.

Понатаму Заев пробува да ги уверува граѓаните дека се работело на 1500 км патишта во моментов и уште 750км биле реконструирани. Како да му се верува на ова паушално нафрлање на бројки кога реалноста е сосема спротивна и бројките кои ги кажува ни од далеку не се точни.

Што е многу – многу е. Па макар било излажано и од мајсторот во кажување невистини Зоран Заев.

Комисија за инфраструктура, урбанизам и транспорт.

Креирано од:


Пренеси го гласот