Комисијата за заразни болести предложи а владата прифати жителите на општина Штип да бидат подложени на маратонски полициски час три дена по ред.
Забраната за движење започнува вечерва во 21.00 часот а ќе заврши во понеделник во 05.00 часот за жителите на Штип како и за општините Куманово, Липково, Штип, Карбинци, Тетово, Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце.
За жителите на сите други општини во државата ограничувањето на двожење ќе има вечерва од 21.00 часот до утре (петок) 05.00 часот наутро. За време на викендот полицискиот час се проширува од 16.00 часот до 05.00 часот наредниот ден.
Исто така владата забрани посета на гробишта од вечерва од 21 часот до понеделник 05.00 часот, освен во случај на смрт кога некој граѓанин почине.
Ваквиот нов режим владата го воведе по појавата на зголемениот број на новозаразени и починати граѓани во државата од Ковит-19.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!