Полковник Драган Ковачки по нападот кој што во текот на вчерашниот ден беше направен врз безбедноста и здравјето на оперскиот пеач Игор Дурловски од страна на советникот на Зоран Заев, упати своја реакција со поддршка кон Дурловски.
Истата ја пренесуваме во продолжение:
“Нападот врз г-динот Дурловски од страна на советник на г-динот Заев е напад врз демократијата во Македонија и е одраз на страв и нецивилизираност.
Начинот на разбирање на политиката преку насилнички методи е препознатлив и заштитен знак за власта на СДСМ.
Македонија не заслужува насилници во политиката и раководството на СДСМ мора да се огради од овој чин на насилство. Сепак, како и за се’ досега, веројатно е дека ќе одмолчат и ќе почекаат да се подзаборави. Е така не се води држава.
П.С. Се заканувате дека г-динот Дурловски “ќе лежел 100 години”. Вака да ви кажам: Ако требало да лежи, досега ќе лежел. Ве упатувам да си погледнете во сопствениот двор, тука упатете ја заканата за лежење, мислам дека е доста реална.
#ПравдаЌеИма“


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочоска со своја објава ја одбележа 34 годишнината од монетарната самостојност на Македонија
СДСМ: Градоначалникот на Крива Паланка мора да го праша народот – референдум за рудникот за антимон!
Петрушевски: Филипче на кој дома му е во Дубаи, не може да збори за патриотизам и државни интереси, дополнително само и штети на евроинтеграцијата на Македонија