Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски го повика Македонскиот народ на 15-ти јули масовно да излезе на гласачките места на предвремените парламентарни избори за обнова на Македонија.
Во продолжение го пренесуваме неговото соопштение:
“Почитувани пријатели, почитуван македонски народе, почитувани граѓани на Македонија. За еден месец од денес на 15-ти јули да излеземе масовно на гласачките места и да го победиме најголемиот вирус што ја зафатил Македонија. Вирус поголем и од короната. Вирус на национални понижувања, економско опустошување, криминал и корупција.
Македонија ја чекаат подобри денови. Со многу работа и посветеност, чесно и искрено ќе гледаме на проблемите во очи и ќе ги решаваме. Ќе има во Македонија и повеќе правда и многу повеќе ред од сега, поголеми плати и зачувано македонско национално достоинство. Ќе ја обновиме Македонија! Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и сите останати приклучете ни се заедно да победиме. Ќе победиме и во четвртата изборна единица, каде ќе го победиме Заев дома и ќе победиме во цела Македонија. Обновата доаѓа!”

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност
Кривина пријава за 19 годишен кочанчанец за полово вознемирување
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист