Дополнителнит заменик Министер за земјоделие, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска беше во теренска посета на делчевските села Град и Вирче. Тој имаше средби со жителите на овие две земјоделски рурални населби при што разговараше за примената на мерките за земјоделците како и неостварените ветувања за обесштетување на земјоделците од штетите од невремето од пред 6 недели.
Дополнителне проблем кој што го наметнаа земјоделците претставува откупот на пијанечкото модро злато- Пијанечката модра слива чија што берба ќе треба да започне многу брзо а најава за регулиран откуп за истата повторно како и минатите години нема.
Во продолжение ја пренесуваме реакцијата на Цветан Трипуновски во јавноста во врска со оваа посета на селата Град и Вирче во Делчево:
“Остварив средби со граѓаните и земјоделците од село Град и Вирче во Делчево.
За штетите од невремето пред месец и половина се уште не е формирана комисија, земјоделците се соочуваат и со селективна распределба на картичките за зелена нафта.
Наскоро започнува бербата на сливата, а пласман не е обезбеден. Ништо нема ни од загарантираната откупна цена, за тоа говорат бројките по која цена се откупуваат сите земјоделски производи.
Време е да ставиме крај на оваа недомаќинска и антиземјоделска власт. Време е за #ОбноваНаМакедонија !”


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Концерт на Танец и Воениот оркестар на АРМ вечерва во Делчево
Премиерот Мицкоски од Виница денес соопшти дека почнува реализацијата на проектот за експресниот пат Делчево- Виница- Кочани
Кривична пријава против малолетничка од Кочани која вршела психичко насилство врз дете преку социјални мрежи