БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Реформата на администрацијата како важен столб на идната власт во Македонија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Визијата на новата Влада предводена од ВМРО-ДМПНЕ е дека само преку развиени институции, целосно почитување на правото со независен правен систем, ефикасност на јавната администрацијата и ефективно партнерство помеѓу државата, приватниот и граѓанскиот сектор може да изградиме цврсти темели на кои треба да почива една модерна, демократска и економски развиена земја!

КОНТИНУИРАНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ НА АДМИНИСТРАЦИЈАТА. За подобрување на животниот стандард на просветните, здравствените, културните и социјалните работници, на вработените во судството, полицијата и во војската и на сите вработени во државната администрација и во јавниот сектор платите ќе се зголемат и тоа:
• Минимум 5% со исплата на јануарска плата во 2021 година,
• Минимум 5% со исплата на јануарска плата во 2022 година.
Имајќи ја во предвид здравствено-економската криза предизвикана од Корона вирусот, можно е мало одложување на оваа мерка за не повеќе од 1 година.

НОВ ЗАКОН ЗА АДМИНИСТРАТИВНИ СЛУЖБЕНИЦИ И ЗАКОН ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР, КАКО И ПРОМЕНА НА ОПШТ КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР. Предвидуваме донесување нов Закон за административни службеници и Закон за вработени во јавниот сектор кој ќе се носи во отворена, транспарентна и инклузивна процедура со сите засегнати чинители. Дополнително, ВМРО-ДПМНЕ ќе го усогласи Законот за административни службеници со Законот за високо образование и ќе обезбеди соодветно вреднување на степенот на образование при определување на платата на административните службеници.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

КАРИЕРА. Предвидуваме, секоја категорија на работни места да биде проширена со нови две надкатегории и тоа: Ниво (Г, В, Б)+, со работен стаж од 7 до 15 години во иста институција на кое се додаваат дополнителен број бодови во делот на плата за степен на образование. Ниво (Г, В, Б)++, со работен стаж над 16 години во иста институција се додаваат дополнителен број бодови во делот на плата за степен на образование. На постоечките 4 нивоа на работни места, ќе додадеме уште 4 нови кои ќе служат само за интерни унапредување кои ќе бидат дозволени секоја година, за 1% од вработените кои добиле најголем број гласови од вработените во истата институција. Ќе се извршат и промени на Законот за административни службеници да се овозможи административниот службеник да се унапредува едно место погоре доколку претходно биде минимум 5 години на исто ниво.

AКАДЕМИЈА ЗА АДМИНИСТРАЦИЈА. Академијата за администрација ќе ги обедини Академијата за стручно усовршување на административните службеници на Министерството за информатичко општество и администрација и Центарот за обуки на Секретаријатот за европски прашања, и ќе работи со институционална поддршка од Агенцијата за вработување и Агенцијата за администрација.

БЕЛА КНИГА ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ДРЖАВНА И ЈАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА. Сите добри примери и добра пракса ќе се објавуваат во месечно списание, на ист начин ќе се објавуваат и поведените дисциплински постапки. На овој начин ќе се анимираат и наградуваат вработените а воедно ќе се воведе бела книга на институции и функционери кои вложуваат во безбедни работни места и пристојни услови за работа.

СИСТЕМАТИЗИРАНИ И АДАПТИРАНИ РАБОТНИ МЕСТА ЗА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ, НАЈМАЛКУ 2% ОД ВКУПНИОТ БРОЈ НА ВРАБОТЕНИ ВО ИНСТИТУЦИЈАТА. ВМРО-ДПМНЕ е насочено кон обезбедување на целосна инклузивност на лицата со попреченост и обезбедување на еднакви права и можности. Во таа насока предвидуваме систематизирање и адаптација на работни места кои ќе бидат наменети за вработување на лица со инвалидност.

За ефикаснa македонска администрација! Одбери Обнова!

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace