БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Кандидатка за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ следена од НН-лица со возило со ЕУ ознаки

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Ја известувам македонската јавност дека во текот на денот бев сведок на брутално и дрско однесување од страна на извесни НН лица кон кандидатот за пратеник од Делчево, г-ѓа Христина Смилевска.

Имено, Христина, видно вознемирена ми се јави и ме извести дека била излезена со својата малолетна ќерка во набавка на одредени намирници за домот, кога забележала дека извесни лица со моторно возило со беровски регистерски таблици ја следат.

Бидејќи бев во близина, за кратко време пристигнав пред домот на Христина во центарот на градот. Лично не поверував дека некој ја следи, но решив да се уверам. Влеговме во возило и свртевме неколку пати низ градот, а моторното возило цело време беше позади нас.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Возилото беше со ознаки на ЕУ и најверојатно станува збор возило во сопственост на некоја државна институција. Значи повторно станува збор за класична злоупотреба на државните ресурси во партиски цели.

Еден братски совет: за тоа што злоупотребувате државни ресурси ќе си одговарате сите до еден – без исклучок. За тоа што следите, продолжете да следите, но не бидете аматери – го срамите тој што ве пратил. А за тоа што малтретирате жени со деца, ниту прочка ќе има ниту милост ќе има.

Се гледаме на 16 јули, ден Божји – Четврток.

https://www.facebook.com/110023243955142/posts/156507542640045/

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace