БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Проектот за хидросистемот “Злетовица” заборавен од власта на СДСМ, ќе заживее од првиот ден од доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Еден од најзначајните капитални проекти во Брегалничкиот регион веќе 4 година стои оставен сам на себе. Реализацијата на проектот за изградба на Хидросистемот “Злетовица” во неговата прва фаза започна во времето на претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, по што по политичката криза во 2015 и 2016 година наметната од СДСМ истиот беше ставен во мирување.

Доаѓањето на власт на СДСМ не значеше ништо за овој клучен инфраструктурен проект затоа што не се потегна никаква активност за негова реализација.

За овој значаен проект денеска од ВМРО-ДПМНЕ упатија повеќе пораки како и ветувања дека истиот ќе започне повторно да се работи како дел од проектите вклучени во Обновата на Македонија за наредниот 4 годишен мандат.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во продолжение ја пренесуваме пораката на Маријан Миленковски кој што е кандидат за пратеник од Коалицијата за Обнова на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ во третата изборна единица:

“Хидросистемот “Злетовица” е еден од најважните проекти во источниот дел на Република Македонија.

Во времето на ВМРО-ДПМНЕ беше реализирана првата фаза односно изградбата на акумулацијата Кнежево, зафати и цевководи за водоснабдување на 100.000 жители на општините Пробиштип, Штип, Свети Николе, Карбинци и Лозово.

За жал со доаѓањето на СДСМ на власт во целост е стопирана постапката за обезбедување на средства за изградба на втората и третата фаза.

После 15 јули со доаѓање на ВМРО-ДПМНЕ на власт веднаш ќе се отпочнат интензивни преговори со финансиски институции за обезбедување на средства и ќе се отпочне со изградба на систем за наводнување на над 3.500 ha обработлива земјоделска површина, со што ќе се овозможат одлични услови за развој на квалитетно земјоделство и производство.

Ќе се изградат 6 хидроцентрали кои ќе произведуваат зелена енергија од околу 40 милиони kWh или инсталирана моќност од околу 10 MWh часови, со што значително ќе се зголеми финансиската стабилност на Јавното претпријатие Хидросистем “Злетовица”.

Трудот што во минатото го вложувавме, а и во иднина планираме да го вложиме во овој проект, само по себе ја покажува грижата на ВМРО-ДПМНЕ за источниот регион.”

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace